April 25, 2024, 11:13 am

Hajнoвa вecт: Bakцинaтa нa Фajзep/БиоНтек eфикacнa и пpoтив индиcкaтa myтaциja нa кopoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основачот и директорот на лабораторијата БиоНТек, Угур Сахин изјави денеска дека е уверен во ефикасноста на својата вакцина, која е развиена со американската компанија Фајзер, и против „индиската мутација“ на коронавирусот.

– Иако тестирањето е во тек, индиската мутација веќе ја проучувавме и нашата вакцина делува против неа, истакна Сахин на онлајн прес-конференција.

Тој нагласи дека БиоНТек ја тестирал својата вакцина на повеќе од 30 мутации на вирусот и секојпат е добиен барем „доволен имунолошки одговор“.

Варијантата В.1.617, која прво се појави во Индија, е откриена во најмалку 17 земји.

Според податоците на Светската здравствена организација, меѓу земјите во кои е потврдено присуството на оваа мутација на вирусот, се и Велика Британија, САД, Белгија и Швајцарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This