May 16, 2021, 10:18 am

Haoблaчyвaњe кoн кpajoт нa дeнoт, a вo oвиe дeлoви oд Македонија yтpe ycлoви зa дoжд

Поврзано

- Advertisement -

Во крајните западни и крајните источни делови од земјава утре ќе има услови за краткотраен дожд. Потоа ќе следува стабилно време со благ пораст на дневната температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено кон крајот на денот вдолж Повардарието, каде повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје е сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе биде значително облачно и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температура во главниот град денеска ќе достигне 25 степени.

Latest News

Дo кoгa миcлaт Спасовски и Заев дa мoлчaт зoштo мy дaлe пoлициcкo oбeзбeдyвaњe нa kpиминaлeцoт Седат Пекер?

До кога мислат Спасовски и Заев да молчат зошто му дале полициско обезбедување на криминалецот Седат Пекер?! Полициско обезбедување...

More Articles Like This