April 19, 2024, 12:20 pm

HATEПAHИ ПАТНИЦИ, РАСИПАНИ АВТОБУСИ: Cкандали и нефункционалност го тресат ЈСП!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЈСП од минатата година и се уште го тресат секојдневно скандали. Контролори физички нaпaѓaaт патници. Секојдневното чекање со часови автобус, поради недостаток на автобуси. Вчера еден од патниците се пoжaли дека 40 минути на „Рекорд“ има чекано 23, која важи од една од најфренквентна и постојана линија која ја има на секои 15-тина минути.

Покрај потрошените пари за резервни делови 100-тина автобуси уште чекаат нови гуми и скапуваат на паркингот на ЈСП. За една година ЈСП потрошиле 9 милиони денари за делови за автобусите.

Со јавни набавки во два наврати во 2018 година се набавиле алтернатори, погонски склопови, сензори, кочници итн. И покрај долгиот список на расипани и купени делови, потрошени пари за двокатните автобуси корозираат во депоата во Ѓорче Петров и Автокоманда.

Согласно инвентарната листа моментално во ЈСП Скопје се евидентирани 380 автобуси.

· Јутонг – 221 автобуси (функционални 191 автобус)

· Лаз – 79 автобуси (функционални 66 автобуси)

· Санос/Ман – 80 автобуси (функционални 23 автобуси)

Од тука се отвора прашање дали ЈСП ги поправал автобусите? Доколку според јавните набавки би ги поправале, тие не би корозирале по депоата на ЈСП.

Но ова не е единствен скандал што го тресе ЈСП, според информации на други медиуми нема електронски картички за јавен превоз за граѓаните. Не можат да се најдат на продажните места, бидејќи истите веќе се потрошени. Овие луѓе чекаат да земат нови картички или пак да ги продолжат оние што ги имаат.

За овој скандал ЈСП јавува дека веќе ги порачале во Македонски Телеком. Според нив, порачаната количина од 250 илјади картички, се очекува да пристигне на почетокот на 2019 година. Но од картички се уште нема ништо.

По скапување на автобуси, сомнителни тендери, немање картички за возење, и пpeтeпувaњe на патници директорот на ЈСП и градоначалникот немаат намера да се јават јавно и да одговорат на прашањата на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This