March 28, 2024, 10:30 am

Hayчнo иcтpaжyвaњe: Пpвитe cлyчaи нa Koвид-19 ce пojaвилe вo Кина yштe вo oктoмвpи 2019 гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првите случаи на Ковид-19 веројатно се појавиле во Кина меѓу почетокот на октомври и средината на ноември 2019 година, тврдат британски научници во новите проекции кои сугерираат дека корона вирусот се проширил низ целиот свет многу побрзо отколку што се сметаше порано.

Првиот случај на зараза веројатно е откриен на 17 ноември – пишuvaat истражувачите во анализата објавена во научното списание „ПЛОС Патогени“.

Официјално првиот случај на Ковид-19 е регистриран на почетокот на декември 2019 година во кинескиот град Вухан, но научниците долго време веруваа дека корона вирусот се проширил и претходно.

Истиот став го делат и научниците од Светската здравствена организација (СЗО), кои го испитуваа потеклото на вирусот на почетокот на годината.

Аналитичарите на податоци, предводени од Дејвид Робертс од британскиот Универзитет во Кент, го пресметале евентуалниот период кога патогенот можел да премине од животни на луѓе, врз основа на информациите за првите потврдени случаи во Кина и во странство.

Британските научници се потпреле на математички модел од областа за заштита на природата, што инаку се користи за предвидувања во изумирање на видовите.

Овој модел сугерира дека корона вирусот се проширил низ целиот свет уште во јануари 2020. Калкулациите покажуваат дека првата инфекција надвор од Кина била на 3 јануари во Јапонија.

Според нив, во Европа, првиот случај на зараза бил откриен во Шпанија околу 12 јануари, а во САД околу 16 јануари 2020 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This