Hayчнo oбjacнyвaњe кaкo нacтaнyвa koвид инфekциjaтa и кaкo ce paзвивa вo нaшиoт opгaнизaм – eвe штo тpeбa дa знaeтe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kако изгледа короната, како работи и како се создава? Порталот „Наука во Србија“ се обидува живописно да даде научно објаснување на овој процес.

„Вирус со круна“ или „вирус со глувче“?

Корона вирусите изгледаат како неправилни топчиња опкружени со шилеста „круна“ – оттаму и „коронавируси“ (крунисани вируси). Шилата се како печурки: тие имаат „столпче“ на кое има многу поширока „глава“.

Корона вирусот се состои од шест делови:

Масни мембрани

Вирусот има мембрана исто како нашите клетки. Но, тој ја „краде“ својата мембрана од нив. Кога се заразувате со корона од друг човек, вирусот „краде“ делови од неговата клеточната мембрана во вашето тело.

Е протеин (од „енвелоуп“, што значи „обвивка“)

Овој протеин ја контролира големината на вирусот и тоа колку вируси ќе влезат во нашите клетки. Е- протеините ги има во сите типови на коронавирусот. Добро се скриени во внатрешноста и скоро се недостапни за нашиот имунолошки систем.

М протеин (мембрана)

Овој протеин го контролира формирањето на мембраната и пакувањето на вирусните геноми. За разлика од Е-протеинот, М е променлив и лесно мутира.

N протеин (нуклеокапсид)

Овој протеин го „пакува“ вирусниот геном во VRNP честички кои го штитат од оштетување сè дури не стигне во некоја соседна клетка.

S протеини – славната „боцка“

Овој протеин формира тримери: три копии кои се врзуваат една со друга во мала – тоа е „боцката“ на вирусот. S-протеинoт ги препознава човечките клетки што може да ги зарази вирусот и го активира процесот на инфекција. Блокадата на оваа функција спречува ширење на инфекција низ телото, поради што овој протеин е специфична цел на повеќето вакцини.

Инфекција во 3 фази:

Фаза 1

Вирусот таман стигнал до нашата уста или нос, но се заглавува во слузокожата. Вака нашето тело се штити од разни вируси, пред тие да стигнат до белите дробови. Затоа, носете маска. Маската прави што помалку од овие честички да стигнат до вас.

Фаза 2

Ние имаме многу протеини кои вршат разни функции: тие прават клетките да комуницираат една со друга или со други ткива. Еден од нив е „АЦЕ2“, и тој го регулира нaшиот крвен притисок. Кога короната ќе помине низ нашето тело и сите негови бариери, обично се врзува за него. Тоа е така затоа што „боцката“ на короната(S-протеинот) точно одговара на врвот на неговиот рецептор.

Фаза 3

Има протеини, а има и „протеази“. Протеазите се ензими кои сечат други протеини на мали парчиња. Тие за нас вршат многу корисни работи, но вирусот може да ги врбува протеазите во своја корист. На пример, кога вирусот влегува директно, протеазата прави неколку такви „пресеци“ и ова дозволува со ланец да се врзат вирусот и клетката. Низ ланецот протекува РНК-ата.

По „паметот“ на РНА-та

РНА-та е новиот мозок на клетката. РНА-та и кажува на клетката да почне да „произведува“ многу нови вирусни единки. Илјадници нови. Значи, се ствараат горенаведените Е, М, N и Ѕ протеини и уште 16 нови гени. Кога се вакцинираме, вакцината го прави истото во нашето тело.

Лекот за маларија не е лек за короната!

Познатиот лек за маларија хидроксихлорокинот, не е лек за корона! После гласините кои излегоа лани, се докажа дека тој негативно влијае на пациентите. Гласината настана бидејќи хидроксихлорокинот го забавува развојот на ендозомите – тоа се оние парчиња од вирусот што се закачуваат на клетката. Ова е смртоносно за плазмодиумот – паразитот на маларија да влезе во телото. Сепак, ова не важи за други вируси, ниту може да биде ефективно.

Механизми на болеста

За разлика од грипот кој ги заразува белите дробови, корона вирусот има способност да ги инфицира и клетките на срцето, крвните садови, нервите па дури и одредени клетки во тестисите и жолчното кесе.

Тромбоза

Меѓу 29 и 69% од пациентите со потешки форми на корона добиваат тромбоза. Исто, ако сме дебели, зависно од тежината, нашите д-димери можат да се зголемат од три до 40 пати. Тромбозата предизвикува разни типови инфаркт, но може и да предизвика излив во мозок, или разни когнитивни проблеми во мозокот.

Заклучок – епидемијата уште е тука, а мрзеливоста и дезинформациите скапо нѐ чинат

Имајте на ум дека дезинформациите можат скапо да ве чинат. Но, има и место за оптимизам. Вакцините добро се држат. Во Велика Британија инфекциите (над 88%) и завршување во болница (99%) се јавуваат кај луѓе кои не се вакцинирале. Затоа најлошо е ако останете невакцинирани.

И кај помалку ефикасната „Синофарм“ бројките се слични. Во Бахреин, 90 отсто од новите случаи се од невакцинираните. Слично е и на Сејшелите. Овa кажува дека третата доза на вакцина треба да се дава на луѓе кои примиле „Синофарм“, особено на постари луѓе кои имале мала или воопшто немале имунолошка реакција на вакцината. „Фајзер“ и „Модерна“ веќе почнаа со производство на трета доза и таа можат да ја примат и луѓе кај кои првите две дози биле од „Синофарм“.

Но, не толку брзо. Наесен нѐ чека „индиски“ бран. Новиот Б.1.617 нема да биде толку опасен како другите, бидејќи горе-доле ќе бидеме вакцинирани. По сѐ изгледа, вакцинацијата за Ковид-19 ќе стане редовна постапка како што е за сезонскиот грип, кој можно е да биде целосно истиснат од короната, што и беше случај годинава.

Извор: „Наука во Србија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This