- Advertisement -
Граѓаните на Општина Неготино утре ќе останат без вода за пиење во периодот од 9 до 20 часот.
Прекинот со водоснабдувањето е поради преспојување на новоизградената линија на главниот цевковод ф300 во Кавадарци, информираа денеска од ЈП ,,Комуналец” – Неготино.
Оттаму ги замолија граѓаните за разбирање и трпение.