October 23, 2021, 9:41 am

Heвидена чест за Орбан: Десничарската легенда Такер Карлсон ќе држи говор во Унгарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водителот на Фокс њуз неделава веќе сними едно шоу од Будимпешта, се виде со унгарскиот премиер, а следно на распоредот му е појавување на десничарскиот МЦЦ фест кој се одржува во главниот град на Унгарија.

Говорот на Карлсон, официјално „личен политички манифест“ се вика „Светот според Такер Карлсон“, а ќе се одржи на фестивалот организиран од Матијас Корвинус колегиум, приватен фонд, кој доби 1,7 милијарди долари од унгарската влада „за обука на нова генерација на конзервативна елита во Европа.“

Претходно Карлсон во неколку наврати на Фокс њуз пофално зборува за владата на Орбан, посебно за неговите анти имиграциски политики.

„Наместо да му помогне на локалното население да има повеќе деца, тие велат дека унгарската влада би требала да увезе заменска популација од Третиот свет.

Тоа е решение на Џорџ Сорос. Меѓутоа унгарскиот премиер, Виктор Орбан, размислува поинаку. Наместо да ги остави младите луѓе на радикалниот либертаријанизам на Сорос и Клинтон фондацијата, Орбан одлучи активно да помогне во растот на унгарските семејства,“ порача Карлсон на своето шоу.

Latest News

Ѓорѓиев: Мaлa дpжава сме, ама Македонците имaaт нajгoлeмо cpцe

Македонскиот кикбоксер, Димитар Ѓорѓиев, четврти пат дојде до златниот медал на Светското првенство (СП), кое оваа година се одржа...

More Articles Like This