January 28, 2021, 2:27 am

Heкoгaш, cвeтcкa зakaна бeшe СССР, денес тоа е НАТО

Поврзано

Koлyмнa нa Трифун Костовски: Потсетување

Можеби оние кои ме познаваат подобро знаат, а можеби многумина не знаат – јас сум одлучна, одговорна и правдољубива...

Колумна на Ристо Никовски: Ceгaшнaтa бугарска пoлитикa e peaфиpмaциja нa Живкoвизмoт

За да се согледаат корените на сегашните бугарски политички небулози во однос на Македонија и Македонците, одличен водич е...

Цapoт e гoл

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја успеа да се пласира на светското првенство во 2010 година. Тоа беше за нив...
- Advertisement -

Меѓународниот поредок, и во својата појдовна основа, е неправеден: во Обединетите нации има пет држави, демек нации, кои се постојани членки на неформалната светска влада, Советот за безбедност (СБ), со право на вето. САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција можат да блокираат секоја одлука која не се вклопува во нивните интереси. А токму ООН се формирани како организација во која сите земји, од најголемите до најмалите, треба да бидат рамноправни и заеднички да се грижат за судбината на светот. Без оглед на големината и населението, секоја земја има еден глас, ама е тоа само параван зад кој се крие нееднаквоста.

Во секојдневниот живот, пак, разликите меѓу државите се огромни и постојано се шират и продлабочуваат. Иако, во принцип, сите се рамноправни, во пракса, некои се многу повеќе од другите. Овие разлики најсурово се манифестираат на економски план каде побогатите и поразвиените безмилосно ги експлоатираат посиромашните и недоволно развиените и стануваат се’ побогати а јазот меѓу нив постојано се продлабочува. По Втората светска војна, токму богатите и силни западни земји ги структурираа сите меѓународни институции и организации за да бидат целосно во нивна корист и преку нив да ги држат другите во зависна позиција. Така функционираат Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка… Во принцип, сите политики кои тие ги спроведуваат на меѓународен план, се катастрофални за сиромашните. Пример е глобализацијата која е современ колонијализам. Во раце на богатите се сите главни светски банки кои ги ограбуваат сиромашните, кои зависат од нив. Истото важи и за осигурителните компании како и за сите други индустрии и сервиси кои прават најголеми профити, како што се телекомите… Се’ е јасно ако се додаде дека во нивни раце се и највлијателните светски медиуми, кои го градат јавното мислење. Преку систематска пропаганда, не се остава простор за отпор на неправедниот меѓународен поредок. НАТО е меѓувладин воен сојуз и систем за колективна одбрана. Тоа е елитен и респектабилен клуб и логично е што членството во него е атрактивно. Во прашање е една од главните организации која отворено и на најгруб начин, работи за интересите на најбогатите, при што “колективната одбрана“ често се ефектуира во агресии врз други. Примерите се бројни – да ги спомнеме само бомбардирањето на Белград и нападот врз Ирак, кои беа реализирани без одобрение на СБ на ООН, што значи – нелегални. Во 2001-та, НАТО стоеше и зад косовската агресија врз Македонија.

Години потоа, тогашната државна секретарка, Медлин Олбрајт, призна – факт е дека бомбардирањето на Србија беше нелегално ама беше корисно!? Со таа логика, НАТО или било која друга земја, може кај сака и што сака да прави, ако тоа и одговара.

Организација како НАТО, меѓутоа, не може да биде гарант на мирот бидејќи е замислен да биде посилен од ривалите и секогаш спремен за конфронтација. Со своите доктрини, светска закана некогаш беше СССР. Денес, тоа е НАТО. Алијансата е опасност за другите бидејќи посилниот секогаш настојува да ги наметне своите интереси, ако треба и со оружје. Безобѕирното опколување на Русија, по обединувањето на Германија, го потврди тоа. Таква концентрација на воена моќ, мора секого да загрижи. Така почна и Хитлер. Да не забораваме дека со светот се’ уште владее силата а, најверојатно, така ќе биде и следните 50-тина години.

НАТО е формирано во април 1949 година, во периодот на студената војна. Како одговор, во мај 1955 година, СССР го создаде Варшавскиот пакт. Така беше постигнат одреден баланс  меѓу двете светски суперсили и нивните сојузници. Во јули 1991, меѓутоа, Варшавскиот пакт беше распуштен а во декември истата година се распадна и СССР.  Студена војна веќе – немаше и, по многу што, НАТО стана непотребен. Така, меѓутоа, не размислуваа САД, кои неспорно доминираат во алијансата и, главно, ја користат за свои безбедносни и стратегиски интереси, како незаменлива алатка. Во светот немало друга воена организација која би можела да се спореди со НАТО. Воените трошоци на земјите членки изнесуваат околу 60 проценти од вкупните во светот (близу 1.100 милијарди долари)! Тоа значи дека, ЗАЕДНО, Кина, Русија, Индија, Бразил, Јапонија, Индонезија, Иран, Саудиска Арабија… и преку 150 други помали земји, за оваа намена одвојуваат 40 проценти, во споредба со 60! Само САД годишно трошат преку 700 милијарди долари за одбранбени цели (кои се често офанзивни) што е речиси 40 проценти од вкупните во светот, кои се преку 1.900 милијарди долари. Помалку од 20 држави имаат поголем БДП од американските трошоци за одбрана. Никој не смее да биде рамнодушен на светската воена доминација на НАТО. Кога се знаат овие цифри, може ли некој да зборува за безбедносни закани од Кина, Русија… или од било каде? Дебалансот во воените трошоци е од такви димензии што сите други земји, наспроти НАТО, се ситни играчи. Тоа воопшто не и пречи на алијансата сега официјално да развива планови против Кина, која ја сметаат за главен противник. По студената војна, основна и главна цел на НАТО е да ги брани привилегиите на развиените држави. Помалите членки се само убав декор. Нивното влијание и улога во формулирањето нa политиките и приоритетите се никакви, дури ни формални. Се знае кој е царот така што дури и Германија, Франција, Велика Британија… немаат некоја поголема улога во одлучувањето. Тоа не е случајно бидејќи САД покриваат преку 72 проценти од вкупните оперативни трошоци и нормално е соодветно да се однесуваат. Трамп го максимализираше таквиот третман а, како одговор, Макрон врати дека – “НАТО е во мозочна смрт“.

Како воена организација, НАТО нема никаква основа да инсистира на демократија и човекови права. Тоа се обврски на ООН и на други меѓународни тела. Во прашање е, меѓуоа, чиста демагогија и манипулација за наметнување на сопствените интереси. Тоа е најлесен начин – а) за мешање во внатрешните работи на другите земји и б) да се доминира со нив. Под демократија, Запад подразбира: 1. Ширење на мрежи на НВО кои тие ги финансираат и кои ги промовираат нивните политички и други интереси. Заради општата сиромаштија, тоа го постигнуваат со ситни пари; 2) Етаблирање на разни религиозни секти кои ги поткопуваат верските темели на земјите; 3. Масовно испраќање на “хуманитарци“  и, клучното 4. Обезбедување на целосна економска зависност преку реформи соодветни на нивните потреби, задолжувања и создавање на отворени пазари, неспремни за конкуренцијата на увезените стоки… Во принцип, предводени од САД, развиените земји не даваат ни пет пари дали има демократија и човекови права во Кина, Русија, или во било која друга држава ама тоа прашање се држи максимално актуелно заради нелегитимни политички и економски цели. Демек, шират правда…

Освен САД и Канада, другите 28 членки на НАТО се европски држави. Неспорен лидер се САД, кои водат политики во голема мерка спротивни на европските фундаментални интереси. Главен пример се односите со Москва. По распадот на СССР,  факт е дека Русија не е агресивна држава. Нормално е што таа одлучно ги брани своите легитимни интереси, особено во опкружувањето кое САД безмилосно се обидува да го контролира (Грузија, Украина…). Во повеќе прилики и јасно, Москва му подаваше рака за соработка на Вашингтон ама беше навредливо игнорирана. Москва дури понизно ја повторуваше понудата, без да добие соодветен одговор. Очигледно е дека во САД има некаква опсесија од “сибирската мечка“ што ги спречува да сфатат дека ниту еден светски проблем не може да се реши без Русија. Нормалните односи се корисни за двете страни и за светот во целина. Европа, пак, не може да биде ниту безбедна, ниту обединета, без Русија. Секој обид за изолација на Москва, или за конфронтација со неа, како во моментов, Европа ја води во неизбежен пораз.

Ако пред речиси 150 години, Гоце Делчев зборуваше за културен натпревар меѓу народите, како може некој во 2021 година да се гордее со воен сојуз кој ѕвецка со оружје и инсистира сите членки уште повеќе да се наоружуваат, купувајќи американски производи? Во 21 век, императив мора да биде поддршка на силите кои се залагаат – а) за соработка и мирољубиво решавање на бројните меѓународни проблеми; б) за борба против сиромаштијата и в) за високи еколошки норми, а не за воинствените. Објавено е дека само во Авганистан годишно се трошат преку пет милијарди долари, во безуспешна интервенција која трае речиси 20 години. А, во меѓувреме, без доволно храна и здравствена заштита, годишно умираат милиони деца. Воените сојузи, кои и до сега испишувале негативна историја, мора што поскоро да се укинат а процесот на разоружување да добие максимален приоритет.

Подготовките на САД и НАТО за воено соочување со Пекинг, се тешка стратегиска грешка. Таквата политика само ќе ги сплотува Кина и Русија, а можеби и со други земји како Индија, Бразил… (БРИКС), што ќе доведе до нови длабоки поделби и ќе биде опасен предизвик за нови судири. Тоа може да биде погубно за САД а Европа нема да може да остане недопрена. Затоа, ЕУ мора да има сопствена политика и кон Русија, и кон  Кина. Иницијативите “Појас и пат“ се корисни за сите и не загрозуваат никого. Европскиот став (Јосеп Борел, шеф на дипломатијата) дека – “улогата на САД во европската безбедност е неопходна“, е фундаментална грешка. Ако Европа не може сама да се брани, никој не може да ја одбрани. Унијата мора да ја развива својата воена димензија, во соработка со Велика Британија. Со Франција, тие се две европски нуклеарни сили. Преку НАТО, кое засега опстанува, соработката со САД не треба да се доведува во прашање ама алијансата, како доминантно европска, мора максимално да се прилагоди на сопствените предизвици. За таа цел, улогата на САД треба да претрпи сериозни промени. Објективно, Македонија немаше избор околу членството во НАТО. За сите кандидати, освен за неколку, тоа е измислено како предворје на ЕУ, каде Македонија со право сака да се вклучи. Тоа особено важеше за поранешните источно – европски земји а целта беше алијансата прво да ги преструктурира овие земји, да ги прочисти сите руски и слични агентури во врвовите на власта а дури потоа да дојде Унијата, на чист терен. Таа пракса е сега нагласена на Балканот бидејќи се шпекулира дека Русија се враќа во регионот, што нема никаква врска со реалноста.

Пишува Ристо Никовски.

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This