Heвиден ckaндал со зapoбена држава – Hema затвop за функционери на Д У И

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот Бојан Маричиќ, вицепремиерот Љупчо Николовски одговорен за корупција и криминал и премиерот Заев се под силен мониторинг во врска со најновиот правосуден скандал кој го открива порталот сдк.мк.

Во досега незабележаниот правосуден скандал се открива дека обвинители вратиле пасоши на осудени функционери на ДУИ и дека го прекршиле законскиот рок за одлучување по предметот за изборен криминал.

“Вишото јавно обвинителство на Скопје го зароби предметот за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на казни затвор и од ноември лани не ѝ го дава на Скопска апелација.

Шеф на Скопското Вишо обвинителство е Мустафа Хајрулахи, а предметот со месеци е заглавен кај обвинителот Диљавер Бектеши”, објави СДК.мк.

Со овој скандал паѓа во вода тезата на СДСМ дека Владата ќе се бори со остатоци од предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Во актуелниот скандал не е вклучен ниту еден човек близок на опозицијата туку луѓе на ДУИ и Заев, Николовски, Маричиќ и институциите под нивна команда немаат ниту една пречка веднаш да ги истражат дури и да ги уапсат луѓето што ги прекршиле законските процедури и рокови.

Повеќе амбасади членки на ЕУ и НАТО веќе знат за овој случај кој се мониторира одблизу како прва шанса за Заев и неговата валда да се справи со корупцијата и криминалот.

Едно од прашањата кои ги поставуваат западни набљудувачи на македонските прилики е и зошто јавниот обвинител Јовески и обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска не реагираат согласно законот.

Со оглед дека двајцата обвинители се откриени од медиумите додека го кршат законот повеќе институции имат различни механизми за спречување на скандалот и утврдување на одговорноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This