Heвepoјaтнo: Oткpиeн чepeп нa „poднинa“ нa чoвeкoт cтap двa милиoни гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралиски истражувачи соопштија дека откритие на череп стар два милиони години во Јужна Африка дава подобар увид во еволуцијата на човечкиот вид.

Станува збор за череп на машки припадник на видот Парантропус робустус, сроден со Хомо еректус, видот за кој се смета дека е директен предок на модерните луѓе.

Тие два вида, пишува Би-би-си, живееле во ист временски период, но Парантропус робустус изумрел пред Хомо еректусот.

Тимот истражувачи кои го нашле черепот откритието го опишаа како „возбудливо“.

„Повеќето фосилизирани остатоци се по некој заб тука и таму, така што е многу ретко да се најде нешто вакво“, изјави за Би-би-си д-р Анџелина Лис, членка на тимот од универзитетот Ла Троуб во Мелбурн, кој остатоците од черепот ги нашол во 2018 година на археолошкото наоѓалиште Дримолен во Јуѓна Африка, по што со години ги реконструирале.

Остатоците од черепот се најдени само неколку метри од местото каде што во 2015 бил најден череп на дете од видот Хомо еректус.

Џеси Мартин, истражувач од истиот тим, за Би-би-си кажа дека ракувањето со остатоците на черепот било како „работа со мокар картон“ па додаде дека користеле пластични сламки за да ги соберат последните трошки прашина од остатоците од черепот.

Научниците сметаат дека пред два милиони години во областа на Јужна Африка живееле три вида слични на луѓето, кои меѓусебно се натпреварувале во борбата за опстанок, а откритието на ваквиот череп претставува редок пример во таканаречената микроеволуција во историјата на потеклото на луѓето.

Парантропус робустус имал големи заби и мал мозок, по што се разликувал од Хомо еректус кој имал поголем мозок и помали заби. Се верува дека припадниците на видот Парантропус робустус јаделе тврди билки, па дури и кора.

„Со време припадниците на видот Парантропус робустус развиле способност за генерирање и поднесување поголеми сили при џвакањето тврда храна“, вели д-р Лис.

Научниците наведуваат дека е можно повлажната околина која ја предизвикале климатските промени да го намалила количеството храна која им била достапна. Во меѓувреме, Хомо еректус со своите помали заби веројатно јадел месо и билки.

„Овие два различни вида претставуваат дивергентни еволуциски експерименти“, вели д-р Лис.

„Иако ние потекнуваме од видот кој победил во таа еволуциска трка, пред два милиони години, според она што ни го кажуваат фосилите, имало многу повеќе Парантропус робустус од Хомо еректус“, заклучува таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This