Heвepojaтнo oткpитиe нa acтpoнoмитe: Плaнeтa бeз o6лaци кaдe гoдинaтa тpae пoмaлкy oд 5 дeнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Астрономите открија многу чудна егзопланета која може да нѝ помогне во подобро разбирање на вселената. Имено, научниците од Харварт и Смитсонијан воочија големо гасовито небесно тело на оддалеченост од околу 575 светлосни години од Земјата, и му го дадоа името WASP-62b.

Оваа егзоплаента се наоѓа во орбита каде една година трае 4,5 земјини денови, а чудно е што нема ни еден облак. Како што истакнаа научниците, овој феномен, да нема воопшто облаци, може да се најде на 7 отсто од егзопланетите.

Со помош на вселенскиот телескоп Хабл астрономите успеаја да ги препознаат трагите на натриум, што не би било можно ако има облаци. Поради тоа и се претпоставува дека воопшто ги нема кога станува збор за WASP-62b.

Тимот кој ја анализираше планетата, се надева дека лансирањето на вселенскиот телескоп „Џејм Веб“ ќе овозможи дополнителни методи за проучување, односно, дека со малку среќа, ќе успеат да најат траги од силикони, кои тогаш би им укажале на кој начин настануваат вакви планети, и по што се разликуваат од оние со облаци, пренесе Енгаџет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This