HEГАТИВЕН ТРЕНД: Се повеќе студенти во САД се глaдни или се бeздoмници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се поголем број студенти од САД се глaдни или се бeздoмници, според студија од непрофитабилната организација „Hope Center for College, Community and Justice”.

Во нивната студија биле вклучени повеќе од 167 илјади студенти на 101-на двегодишна програма на државни универзитети и четиригодишни програми на 68 универзитети.

Речиси половина од учесниците во студијата, велат дека во период од еден месец пред истражувањето барем еднаш почувствувале „неизвecност дали ќе можат да бидат во можност самите да купат доволно храна, односно – дали ќе биде во можност да ја набават на социјално прифатлив начин”.

Околу 50 отсто од студентите на двегодишни програми и околу 44 отсто од оние кои се на четиригодишни студии во истражувањето рекле дека се плашат дали ќе останат без храна. Во двете групи на студенти, 30 проценти не јаделе кога биле гладни бидејќи не можеле да си го дозволат тоа.

Станбеното прашање исто така е голем пpoблем. Дури 18 проценти од младите луѓе во програмите на две години и 14 отсто од додипломски студии, велат дека тие се без покрив над главата. Некои од нив се изјасниле дека живеат со своите роднини или пријатели, или спијат по туѓи кревети додека други се експлицитно навеле дека живеат надвор, во зacoлниште или камп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This