March 29, 2024, 10:14 am

Heмало пpитиcok за принудно слетување: Минск објави транскрипт од разговорите меѓу контрола на летот и авионот на Рајанер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одделот за авијација на Министерството за транспорт на Белорусија на својата веб-страница објави дел од транскриптот од разговорот меѓу белорускиот контролор на летот и пилотот на авионот „Рајанер“, кој летал од Атина до Вилнус и бил принуден да слета на аеродромот во Минск во недела.

Текстот е објавен на англиски јазик на страницата.

„Добивме извештај од специјалните служби дека имате бомба во авионот и дека може да се активира над Вилнус“, рече контролорот на летот.

Тој му препорача на екипажот да го спушти авионот на аеродромот во Минск од безбедносни причини.

Според преписот, пилотот потоа прашал од каде ги добиле информациите за бомбата, на што контролорот рекол дека службата за безбедност добила е-пошта со тоа известување, која била испратена на адресите на неколку аеродроми

Пилотот потоа праша кој препорача испраќање на авионот до белоруската престолнина, дали тоа го сторила авиокомпанијата, аеродромот од каде полетал авионот или оној на кој требало да слета, на што контролорот на летот одговорил: наша препорака.

После тоа, пилотот рече дека „нивната намера е да го пренасочат авионот кон аеродромот во Минск“.

Преписот не содржи никакви закани од контролата на летот на екипажот, истакна одделот.
Директорот на одделот за авијација на Министерството за транспорт на Белорусија, Артјом Сикорски, во понеделникот изјави дека според записникот од преговорите меѓу белоруските контролори на летот и пилотите на авионот „Рајанера“, немало притисок врз екипажот при донесување на одлука за принудно слетување.

Авион на компанијата „Рајанер“, кој летал од Атина кон Вилнус, принудно слетал на 23 мај на аеродромот во Минск, поради објавата дека е поставена бомба. Деминирачи биле испратени на местото на настанот. Информацијата за бомбата не беше потврдена, а Истражниот комитет на Белорусија објави дека покренал кривична постапка поради лажен извештај за бомбардирањето.

Принудното приземјување на авионот предизвика критики од Западот, иако праксата на присилно слетување на авиони се не е ништо ново. Најзначајниот случај беше принудувањето на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес да слета во Виена во 2013 година. Причина за тоа беа гласините дека поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден, кој е обвинет за откривање на државни тајни во САД, се наоѓа во авионот заедно со претседателот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This