April 26, 2024, 10:17 pm

Heмиpитe во САД ја зeмaa и пeттaтa жpтвa: Пoчинa пoлицaeц пoвpeдeн вo cyдиpитe co дeмонcтpaнтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата на американскиот Капитол соопшти дека починал полицаец што бил повреден на немирите. Две министерки од владата на Трамп поднесоа оставка поради неговото влијание во немирите.Полицаецот Брајан Д. Сикник починал вчера поради повреди добиени додека бил на должност, физички соочувајќи се демонстрантите во Капитол во САД, се вели во соопштението.

Приврзаниците на претседателот Доналд Трамп упаднаа во Капитол во средата, додека Конгресот ги броеше гласовите на Електорскиот колегиум за да потврди дека демократот Џо Бајден победи на изборите. Сикник се вратил во канцеларијата на својата единица и се онесвестил, се вели во извештајот. Тој бил пренесен во болница, а подоцна починал.

Смртта ќе биде испитана од Одделот за убиства на Метрополитен-полицијата и федералните полициски служби. Сикник ѝ се приклучил на полицијата во Капитол во 2008 година.

Министерката за образование Бетси Девос стана вториот секретар на Кабинетот што поднесе оставка еден ден по бунтот на трамповистите во американскиот Капитол.

Во четвртокот, во писмото со оставката, Девос го обвини претседателот Доналд Трамп за разгорување на тензиите во насилниот напад врз седиштето на демократијата на нацијата. Таа рече: „Несомнено е влијанието на вашата реторика врз ситуацијата и тоа е точка на пресврт за мене“.

Министерката за транспорт, Илејн Чао, претходно вчера даде оставка, поради, како што рече, „трауматското насилство што лесно можеше да се избегне“. Во писмото до колегите, Чао рече: „Длабоко ме вознемири на начин што едноставно не можам да го занемарам“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This