March 28, 2024, 10:33 pm

Heмa дa ce oдигpa дyeлoт co ПСЖ: Двa cлyчaи нa Koвид-19 во Вардар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот ракометен шампион Вардар не отпатува во Франција каде утре требаше да го игра натпреварот со Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите.

Во таборот на „црвено-црните“ има два позитивни случаи на Ковид-19, па побарано е одложување на дуелот со ПСЖ.

„Натпреварот од 6. коло на А групата во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Вардар 1961 е одложен. Средбата беше планирана за 28 октомври во Париз. Причината за откажувањето на натпреварот е што тимот на Вардар 1961 пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање. По консултациите со ЕХФ решено е натпреварот да биде одложен, и закажан дополнително во друг термин. За Вардар ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед. И ПСЖ има еден одложен меч оној со ПИК Сегед“ – се вели во соопштението од РК Вардар 1961.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This