March 29, 2024, 10:40 am

Heмa кopoнa-kpизa зa македонските бaнки: За дeвeт мeceци зapaбoтиja 96 милиoни eвpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту корона-кризата не го руши профитот на македонските банки. По намалената добивка во вториот квартал од годинава кога се чувствуваа последиците од замрзнатите рати за граѓаните и компаниите, банките во третиот квартал со поголем профит дури и од истиот период лани. Така, заклучно со септември заработиле неверојатни 96,1 милиони евра или за 2 милиони евра повеќе од истиот период во 2019 година – покажуваат податоците на Народната банка.

Од вкупно 15 банки во земјава, најмногу заработиле големите или кај нив завршиле речиси 84 милиони евра. Остатокот од речиси 10 милиони евра завршил кај средните, а малите банки прикажале добивка од 2,4 милиони евра.

Податоците на Народната банка покажуваат дека, за само три месеци од годинава, домашните банки ја дуплирале добивката. Односно вториот квартал го завршија со 44,5 милиони евра заработувачка, за третиот да достигнат 96,1 милиони евра.

Во третиот квартал од годинава, банките наплатиле неверојатни 225 милиони евра од камати, од кои 125 милиони евра биле од камати од домаќинствата. Откако ги минусирале расходите им останал нето приход од камати од фантастични 183 милиони евра. За провизии во третиот квартал наплатиле 84 милиони евра од кои како чиста заработувачка им останале речиси 56 милиони евра. Или вкупно од камати и провизии од граѓаните и компаниите во третиот квартал наплатиле речиси 310 милиони евра.

Добивка трет квартал – 96,1 милион евра

Приходи од камати – 225 милиони евра

Приходи од провизии – 84 милиони евра

Податоците на Народната банка покажуваат дека приходите од камати на банките не паднаа ниту за време на корона-кризата односно одложениот рок за плаќање на ратите за кредите за граѓаните и компаниите. Речиси 70% од клиентите ги одложија ратите за кредитите за шест месеци, но за нив се пресметуваше каматата која ќе се надополни на главницата која е недоспеана. Овие камати ќе влезат во последниот четврти квартал од годинава. Ако за девет месеци банките заработија околу 96 милиони евра, или се на подобар пат за 2 милиони евра од лани кога годината ја завршија со добивка од речиси 109 милиони евра, колкава ќе биде заработувачката до крајот на годината не се знае, само се знае дека ќе биде пак над 100 милиони евра. Најголемата заработувачка до сега банките ја прикажаа во 2018 година кога на нивно конто на име добивка се слеаја фантастични речиси 136 милиони евра. За прв пак добивка од над 100 милиони евра прикажаа во 2016 година која ја завршија со 103 милиони евра на нивна сметка. Од тогаш до сега цело време добивката на домашните банки е над 100 милиони евра.

Добивка на домашните банки

2020 година (трет квартал) 96,1 милион евра

2019 година 94,1 милион евра

2018 година 135,8 милиони евра

2017 година 106,6 милиони евра

2016 година 102,8 милиони евра

2015 година 75,4 милиони евра

Според податоците пак од финансиските извештаи кои до сега ги објавиле банките, излегува дека трите најголеми банки, Стопанска, Комарцијална и НЛБ Банка за девет месеци од годинава прикажале добивка од 67,5 милиони евра. Стопанска банка АД – Скопје прикажа добивка од 25,7 милиони евра за девет месеци, Комерцијална банка од 21,3 милиони евра, а НЛБ Банка од 20,5 милиони евра заклучно со третиот квартал од годинава.

Извор: Denar.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This