Heмa нoвo oдлoжyвaњe – Пoпиcoт ќe ce cпpoвeдe oд 5 дo 30 ceптeмвpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со политички договор поради пандемијата со Ковид-19 пописот во април годинава беше одложен за септември, а локалните избори за втората половина на октомври.

Додека политичките партии веќе се зафатени со селекција на кандидати за градоначалници, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски уверува дека пописот ќе се спроведе во предвидениот период и дека не е планирано ново одложување на пописот во септември.

Симовски, вчера посочи дека се следи епидемиолошката ситуација и дека пописот ќе биде спроведен согласно предвидените мерки и протоколи за заштита, додека попишувачите ќе бидат вакцинирани во текот на август.

– Нормално дека се ќе зависи од епидемиолошката ситуација, но не се очекува некој позначаен пик во државава како што беше во април и март годинава. Она што сигурно ќе го направиме е дека ние пописот ќе го спроведеме и ќе се однесуваме како да сме во најголемиот пик почитувајќи ги сите мерки, изјави Симевски во „Утрински Брифинг”.

Тој очекува, таму каде што ќе има можност и ќе дозволат временските услови пописот да се спороведе и на отворено.

Процесот на самопопушување на нашите граѓани од дијаспората, преку платформата на Државниот завод за статистика, е во тек и ќе трае до 30 сепетмври, до завршување на Пописот.

Според веќе утврдената методологија пописот ќе се спроведува преку комбиниран метод, со користење претпописни бази на податоци од МВР, МИОА, Агенцијата за вработување, МОН, МТСП, Агенцијата за катастар и други државни институции. Во пракса тоа значи дека попишувачите кои ќе одат на терен, ќе користат лап-топ компјутери, кои ќе бидат поврзани на посебно развиена веб-апликација.

Собранието со 95 гласа „за” и 12 „против” на 2 април годинава го донесе по скратена постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година со што пописот и формално беше одложен за 5 до 30 септември.

Одложувањето на пописот, заедно со воведувањето на отисок од прст и одложувањето на локалните избори за октомври годинава, беа дел од договорот на средбата меѓу лидерите на двете најголеми партии во земјата премиерот Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, додека со поддршка подоцна излезе и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This