April 24, 2024, 11:33 pm

Heнopмaлни: Двeгoдишнo дeвojчe oд Хрватска пoчинa oткaкo билo пpeтeпaнo oд poдитeлитe..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Клиниката за детски болести во Загреб, ја објави тажната вест вчера, нешто по 15 часот дека две ипол годишното девојче, кое пред неколку дена беше донесено од Нова Градишка во тешка состојба поради повреди откако нејините родители ја претепале, починало.

„Со голема тага и жалење мора да ве известиме дека нашиот мал пациент, и покрај сите преземени терапевтски мерки и вонредните напори на интензивниот тим, доживеа критичко клиничко влошување“, се вели во соопштението.

„Во согласност со тоа, според протоколот, спроведена е постапка за утврдување на мозочна смрт, што за жал беше потврдено во 15:20 часот. Почина во мир“, се вели во краткото соопштение на Клаишева.

Да потсетиме, родителите на девојчето беа уапсени откако детето во средата беше донесено од болницата во Нови Град на Клиниката за детски болести во Клаишево во Загреб поради сериозни повреди опасни по живот.

Таткото на девојчето и е познат на полицијата за насилство уште од претходно. Откако било примено во болница, девојчето било оперирано и било на интензивна нега, поврзано со апарати за дишење и витално загрозено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This