April 17, 2024, 12:01 am

Heнopмaлнa paбoтa: Тeпaл и cилyвaл жeнa вo cвojoт дoм..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 49-годишник од Гостивар, поради сторено кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот, на 19 декември, околу 21 часот, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената. Тој ја однел во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успеала да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција, информираат од Обвинителството.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This