HEОБИЧНА МАТЕРИЈА: Кина објави нова фотка од збунувачко „стакло“ на Месечината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Необичната материјаа на месечевата површина со недели ги збунува научниците, а Кинезите се пофалија со нова фотка од истата.

За неистренираното око м*стер*озната материја личи на обична прашина. Но, со секоја нова слика расте веројатноста конечно да се идентификува од што настанала и од каде потекнува оваа мистер*озна светкава материја.

Кинескиот ровер Yùtù-2 слета на темн*та страна од Месечината на 2 јануари годинава. Месеци подоцна наиде на чудна материја за време на втората прошетка покрај еден кратер долг два метра.

И со последната фотографија останува консензусот помеѓу научниците дека материјата е темно стакло кое настанало како последица од удар на метеорит. Ударот веројатно ги ставил под притисок и ги стопил минералите на месечевата површина претворајќи ги во материја слична на онаа која ја најдоа астронаутите од Apollo 17.

„Мислам дека најточната информација тука е дека матреијата е релативно темна“, вели Ден Моријарти од НАСА.

„Се чини дека посветла материја е споена со поголемите и потемни парчиња иако постои можност тоа да само отсјај од рамната површина“, заврши тој говорејќи за Space.com.

Роверот Yùtù-2 наскоро повторно ќе се упати кон местото со необичната материја, па нова тура фотки можеби ќе даде повеќе одговори, или пак ќе отвори уште повеќе прашања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This