HEПОТИЗАМ ВО СУДCTBОТО: Нов ckaндал со непотиcтички вработувања во јавната администрација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непотизмот продолжува да царува во јавната администрација. Се работи за последниот конкурс за местото на сметководител во кочанскиот суд каде е веке извесно кој ќе биде избраниот кандидат. Во чаршиските кулоари веќе се говори дека на оваа работна позиција ќе биде примена сопругата на директорот на Водовод – Кочани.

Дека судството е отворено како пупка, токму како што тврдеше Зоран Заев укажува и овој случај каде како клучен играч се појавува администраторот во кочанскиот суд кој важи за близок до моменталната владеачка структура, а во чија надлежност е формирањето на комисија за селекција на кандидати. Според нашиот извор администраторот без консултација со надлежните селектира „соодветна“ комбинација на подобни членови на комисијата во чиј состав ќе бидат блиски и лојални луѓе до неа.

Оваа комисија понатаму од 10 пријавени кандидати би требало да селектира 5 меѓу кои е е и споменатата сопруга на директорот на Водовод.

Сепак состојбата дополнително се проблематизира доколку се земе во предвид дека судскиот администратор во моментов се бори за повисока позиција во правосудниот систем и напредување. Дали со непотизмот и партизацијата се оди на прав пат, останува да видиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This