HEПPИJATEH ПРЕЧЕК: Стево Пендаровски кај Бошњачкиот демократски сојуз пречекан со порака „чувајте и сочувајте ја својата нација и име“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска имаше состанок со претседателот на Бошњачки демократски сојуз Мунир Колашинац и со членовите на претседателството на партијата, објави овој политички субјект на Бошњаците.

Пендаровски пред претставниците на Бошњаците во Македонија беше дочекан со банер на кој пишува “Чувајте и сочувајте ја својата нација и име”

“Стево Пендаровски даде изјава за медиумите во која нагласи дека неговиот концепт се базира на тоа дека Република Северна Македонија мора да биде држава на сите, дека не смее да има кираџии и газди во аваа земја, дека не смее да има граѓани од прв и втор ред и дека сите што живееме овде имаме еднакво право да ја штитиме, сакаме државата и државата апсолутно еднакво да одговара на нашите потреби”, се вели во соопштението.

Мунир Колашинац во својата изјава за медиумите потенцира дека Бошњачкиот демократски сојуз ќе го подржи Стево Пендаровски на претседателските избори и ги повика членовите, активистите и симпатизерите на Бошњачки демократски сојуз (БДС) како и Бошњачкиот народ во Република Северна Македонија да гласаат за Стево Пендаровски на претстојните претседателски избори.

Во вториот дел на посетата Стево Пендаровски имал состанок со членовите на претседателството на партијата, објавува БДС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This