Heџат: Toчно е жена ми ја вpaботи СДCM Кавадapци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По срамното признание на Неџат вчера во „Само Вистина“ дека СДСМ во Кавадарци ја вработил жена му, мора да се дознаат сите ботови и пропагандисти на СДСМ, оние кои уште ги кријат од јавноста, смета актерот Сашо Тасевски.

Да се открие за какви услуги презеле задача да ги бранат и величаат СДСМ по медиумите и да плукаат и компромитираат нивни неистомисленици.

Гледате на какви им верувате? Мислам на оние кои му веруваа на Неџат, бидејќи се појавува секоја недела по еднаш на некоја телевизија за да шири лаги и пропаганда по задача. Тој си ја вработил жена му преку партија, а вие го слушате и седите невработени. Толку од сдсмовската објективност и чесност Дојде живот-СДСМ вработува, ако ги фалиш кога не се фалање.

Не биле сите исти, велат од СДСМ. Вистина не се! Вие сте стопати полоши, поподмолни и понеспособни.

Тоа е се што треба да се знае за вас, порача тој.

-И така Неџат испровоциран од Момировски, призна во сред емисија дека ја вработил жена му преку општинска СДСМ од Кавадарци, коментира актерот Сашо Тасевски за дебатата помеѓу новинарот Горан Момировски и аналитичарот Ненад Јовановиќ на „Само вистина“.

Какво дно. СДСМ вработува… Ако ги браниш! Ете зошто мора да оди во секоја емисија да го брани она што не се брани. После ова, Неџо не се појавувај веќе по медиуми, леба ти.

Така им го збичи на твоиве социјалдемократи, што им тече по ногавици, му порача Тасевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This