He им дoaѓa пaмeт: Зaтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo Дебар пopaди нeпoчитyвaњe нa мepкитe, coпcтвeникoт e пpивeдeн

Поврзано

- Advertisement -

Еден угостителски објект во Дебар е затворен со пломба, а сопственикот лишен од слобода откако во контрола што била извршена синоќа било констатирано дека не се почитувале одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест Ковид-19.

-На 15.05.2021 во периодот од 22.00 до 24.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Дебар, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат Струга извршена е контрола во угостителски објекти во Дебар. При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на ул. „8 Септември“, сопственост на К.Р.(23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека за случајот е запознат јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

1 коментар

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This