He им дoaѓa пaмeт..: 3aтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт, пpивeдeни coпcтвeникoт и cтpaнcки дpжaвjaнки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 09.03.2021 во 20.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во с.Неготино, гостиварско, сопственост на С.Т.(21) од с.Неготино.

При контролата во објектот биле затекнати 30 лица – гости, бенд со четири изведувачи и 13 женски лица(пет странски и осум македонски државјанки) кои ги забавувале гостите и било констатирано дека не биле почитувани протоколите за спречување на ширењето на Ковид-19.

Притоа, сопственикот се однесувал агресивно и се заканувал на полициските службеници и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат. Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија” и член 144 од Кривичниот законик – „загрозување на сигурноста”.

Во полициска станица биле приведени и странските државјанки (две од Косово, две од Албанија и една од Србија) поради злоупотреба на туристичкиот престој.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.  

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This