HEBИДЕНА TOPТУРА: Ако Врховен не се произнесе за случајот со Лазаров, семејството ќе реагира со пpeтставка до Cyдскиот совет

Поврзано

(Видео) БЕЗ КОМЕНТАР: Караџоски ги oбвини мpтвитe дека доцна дошле на лекар

Ние немаме новодијагностицирани пациенти, туку точно знаеме од кои кластери, од кои семејства потекнуваат, ги знаеме лицата кои биле...

АРМИЈАТА КАКО ЛОВАЧКО ДРУШТВО: Шеќеринска направи од Армијата ловечко друштво, со пет различни униформи и без опрема

Драган Ковачки, поранешен Полковник во Армијата на Република Македонија, сегашен кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за изборната...

ЧУЛЕВ ДО ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ: Колеги, Ви благодарам за вашиот придонес во надминување на оваа состојба

Владата на денешната седница донесе одлука со која oд утре целосно престанува да важи Одлуката за ограничување на движењето...

Ќе бидеме приморани да поднесеме претставка до Судскиот совет заради непостапувањето по нашата жалба- ова стои во ургенцијата, и тоа 4та по ред, што семејството на началникот Душко Лазаров- кој по грешка на судот повторно е зад притворските решетки, ја испрати до Врховниот суд. До каде е предметот за началникот, дали го побарале предметот од Апелација и зошто досега не постапено по жалбата која е испратена до нив – ова се и прашањата на Алфа која уште чека одговор од Врховен.

Во последната ургенција семејството бара од Судот итно да одговори ако не ќе реагираат до Советот за работењето на в.д. претседателот на Врховен, Фаик Арслани.

Ве известуваме дека ќе бидеме приморани да поднесеме претставка до Судскиот совет ,со цел истиот да ја испита одговорноста на В.Д. претседателот Фаик Арслани, поради повреда на одредбите на ЗКП со непостапувањето по нашата жалба која се однесува на притворски предмет, како и да поднесеме жалба до Европскиот суд за човекови права поради повреда на член 5 точка 3 од Евроспката Коневенција за заштита на човековите права согласно која секое лице уапсено или притворено според одредбите на став 1в од овој член мора веднаш да биде изведено пред судија или друго судско лице, со закон овластено да врши судска власт, и да има право на судење во разумен рок или на пуштање на слобода во текот судската постапка. Пуштањето може да се услови со давање гаранција дека тоа лице ќе се појави на судењето.., пишува во ургенцијата.

Лазарови предупредуваат ако Врховен не си ја врши работата ќе бидат известени и Амбасадите на САД,Франција, Германија, Холандија и Шведска.

По неколкукратните објави на Алфа , изгледа предметот конечно мрдна од мртва точка. Според наши извори отворена е постапка за него во Врховен, но кога ќе се одлучува, не се знае.

Иако Алфа пред десетина дена побара одговори, од Врховниот суд одговор не даваат. А молчат и од апелација, според кој член од Законот за кривична постапка токму тој суд му ја укина гаранцијата од речиси 800.000 евра во недвижен имот на Лазаров, кој доби 15 години затвор за настаните од 27-ми април, а сега е повторно во притвор?

Токму укинатата гаранција во март го врати зад решетките во Шутка – затворот каде почна неговата голгота пред речиси две години. Потоа, откако гарантираа неговите блиски роднини со недвижен имот – Лазаров се бранеше од слобода. Се до март кога повторно беше однесен во притворска келија.

По која основа е укината гаранцијата на началникот, од апелација нема одговор.
Инаку началникот, со високо реноме во МВР, доби 15 години затвор за настаните во Собранието.

Актуелно

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: 16 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

РУСКОСКА: Јанева ја избра страната на злoтo, торбата Луј Витон завршила кај родителите на Јовановски

Катица Јанева уште е во филмот на Чарлиевите Ангели, со овије зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет“. Според неа, Јанева...

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во...

Повеќе вести