HEBИДЕН KPИMИHAЛ: Откриена разлика од 10500 евра во владините xyманитарни летови

Поврзано

БРОЈКАТА РАСТЕ: Денeckа повторно голем број на новoзapa3ени пациенти во Мakeдонија, починаа и девет лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а...

Алијанса: Bлaдата вчepa нacилно ги донec cитe пpaтеници oд дoмa, дypи и оние кои имаа тешka дomaшна cитyaциja

Координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и на Алтернатива Скендер Реџепи денеска изјави дека Владата вчера покажала...

Повторно висок број новопримени во Скопје: Дневна состојба во Koвид-центрите

Во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти со компликации од коронавирусот, со што бројката сега изнесува 323 лица кои...
- Advertisement -

Патничка на хуманитарен лет од Загреб до Скопје кој е организиран од владата открива фрапантна разлика во цената на лет за кој владата дава една приближна цена а таа е принудена да потпише цена што е за една четвртина повисока од приближно официјалната за која зборува генералниот секретар на Владата.

Според “генсекот” на Владата Драги Рашковски кој е одговорен за хуманитарните летови цената добиена на тендер е околу 32 илјади евра и таа сума стои во документот на Владата кој треба да го потпишат сите патници и врз основа на кој треба да платат карти за враќање дома.

Но патничката Вирџинија Ристеска открива дека цената на летот за кој самата ќе партиципира е за 10500 евра повисока од таа објавена од Рашковски.

“Читам на сајтот на Влада пишува дека сме знаеле колку ќе чини летот пред да влеземе во авион(отприлика чартер летовите биле по 32 000€ вкупно делено на број на патници) и пред да се симнеме веќе сме знаеле каде ќе не носат. Не е точно! Ни едното, ни другото. Единствено на изјавата која ја потпишавме стоеше вкупната сума на летот (42 500€), и сметката на која треба да се уплати во рок од 15 дена, (што уште не ми е јасно како, кога 15дена ќе бидеме во карантин?! ), но никаде точната сума по човек”, пишува патничката Ристеска во јавно објавен пост.

Инаку цената за ист таков хуманитарен лет од Минхен е 32000 евра иако аеродромот во Загреб кој за 10500 поскап е за околу 400 километри поблиску до Скопје.

Дополнително треба да се знае дека според Ристески авионот во Загреб дошол од Скопје откако предходно бил на Малта што значи дека немало празен лет кој што може да ги зголеми трошоците.

Зошто толку голема разлика во цената на летовите засега не откриваат од Владата.

Latest News

ЕК: „Cпyтник V“ нe e дeл oд ЕУ cтpaтeгиjaтa зa вakциниpaњe

Портпаролот на Европска Комисија, Ерик Мамер денеска изјави дека тоа што руската вакцина против Ковид-19, „Спутник V“ би можела...

More Articles Like This