HEBИДЕН ПPИТИCOK ВРЗ CУДCTBOTO: Да беше Дескоска во Германија веќе одамна немаше да биде министер за пpaвда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако власта не го изгласа сопствениот предлог за автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија, опозицијата свика вондредна прес конференција на која што ја истакна дволичната политика на СДСМ. На прашање на Александар Митовски за заканувачкото писмо кое Дескоска го испрати до судиите, Милошоско истакна дека тоа е класичен пример за притисок врз судството и посочи дека доколку тоа му се случило на министер во Германија тоа ќе било последното писмо испратено за време на неговата политичка кариера.

Господине Милошоски како ќе го коментирате писмото на Рената Дескоска до судиите во кое што таа им порачува како треба да судат, да постапуваат во судски предмети, нели е тоа притисок врз судството, запраша Митовски.

-Моето мислење е следно. Доколку во Сојузна Репубулика Германија или во Австрија или во Холандија било кој министер за правда прати писмо до судиите во кои што им укажувуа кои се правните последици и санкции и дисциплиснки мерки при евентуално непостапување тоа ќе му биде последното писмо во неговата кариера. Во Македонија не се такви околностите, но сепак мислам дека ова писмо ќе биде едно од последните писма на министерката за правда Десковска којашто се обидува на овој начин да го покрие неуспехот во правните реформи во правосудството за којшто министерката Дескоска и Зоран Заев тврдеа дека го отвориле како пупка. Ќе ве потсетам во мај 2018-та година, Зоран Заев на национален медиум излезе и кажа дека е задоволен од реформите во судството од резултатите и дека судството го отворил како пупка, а министерката Дескоска денес им се обраќа на сите судии и тврди дека таа пупка не била пупка. Сметам дека ваквото контрадикторно однесување или е резултат на неусогласеност на мислењето на Заев и мислењето на Дексоска, можеби има фракции и крила или се работи за еден обид на еден ефтин начин со едно писмо да се покрие неуспехот за правни реформи и стандарди во изминатите три години, вели Милошоски.

Во однос на изјавата на Заев во која тој ги оквалификувуа судиите како криминалци, Милошоски запраша дали оние судии кои го ослободија за случајот „Поткуп“ се криминалци,

Ваш коментар за изјавата од обраќањето на господинот Зоран Заев во кое што ги етикетира судиите како криминалци без притоа да прикаже било какви докази, запраша тој.

 

– Јас би имал контра прашање дали премиерот Заев го смета за криминалец судечкиот совет кој што него го ослободи во случајот Поткуп. Зошто не ја видовме целата снимка којашто е на легален начин обезбедена со ПИ- мерки каде што Заев бара поткуп и дали смета дека господинот Џолев кој што направи смена на судиите на сред случај е криминалец како што Заев тврди за мнозинството судии, одговори Милошоски.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2611201765831835/

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This