HEBEPOJATHO: Погледнете како Кинезите пpeместија цела зграда (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното училиште старо 85 години беше целосно подигнато од земја и преселено со користење на нова технологија наречена „машина за одење“.

Со цел да се зачуваат историските градби, инженерите закачиле скоро 200 подвижни носачи под зградата на пет ката, објаснува Лен Вуџи, главен надзорник на проектот

Училиштето е изградено во 1935 година и се пресели на друга локација, затоа што на негово место треба да се изгради деловен објект. За да успеат во тоа, работниците најпрво требаше да ископаат канал околу објектот за да можат да ги инсталираат споменатите машини.

Целиот процес траел 18 дена, а во поранешната училишна зграда ќе биде сместен центар за образование и заштита на наследството, пишува БИЗ лајф.

Шангај важи за еден од најнапредните градови во Кина кога станува збор за заштита на културното наследство, па затоа тие веќе заштителе многу стари градби. Ова не е првпат објект да се преместува во овој дел од најнаселената земја во светот.

Во 2003 година концертната сала изградена во 1930 година за изградба на автопат беше преместена во Шангај. Пред две години, зграда стара 90 години беше преместена и беше оценета како најсложениот потфат од тој вид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This