HECPEЌATA ГО ВЛЕЧЕЛА: Шабан пред сообраќајката бил чуден и нервозен, постојано гледал на часовникот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рано утрото во неделата на автопатот А2 во близина на местото Билфилд, на западот на Германија, спасувачите од смачканиот „сеат“, извлекле тела на тројца тешко повредени мажи, Шабан, неговиот кум и неговиот колега.

Кумот на Шабан, Слободан Бобан Стојадинвоиќ, кој за време на тешката сообраќајна eеcpeќa во сеатот седел зад Шабан Шаулиќ, од болничката постела, за која го приковале тешките повреди, раскажал што се случувало во тие кобни минути.

До 3.30 утрото имавме настап во клубот. Тогаш се договоривме, бидејќи имаме авион рано утрото, да легнеме во хотел и да го разбудам во 6.15. Тоа беше договорот. Доаѓам во соба, еден час спиев и во 6.15 ме буди телефонот. Станав, а во тој момент Шабaн веќе беше буден и подготвен, па ми лупаше на врата. Го прашав, зошто брзаш, а тој ми рече: па ајде те молам, зошто доцниш?Брзаме. Ми беше чудно зошто се однесува така, никогаш не бил таков. Имавме уште три часа до полетување на авионот. Брзо се облеков, се симнав долу, влеговме во автомобилот. Тој беше нешто нервозен и постојано ми приговараше зошто не сум го разбудил три минути порано. Пазете, три минути, не можев да верувам, целиот беше чуден – рекол Стојадиновиќ.

Тој се присетил дека Шабан и за време на настапот бил нервозен.

Цело време додека пееше гледаше на часовникот. Како некаде да брзаше и трчаше, како нecpeќaтa да го влечеше. Додека патуваваме зборуваваме за нашите луѓе кои овде добиваат пензија, и yмиpaaт овде. И ништо не проживуваат – се присетил Стојадиновиќ

На сеатот биле лоши светлата и Шабан тоа го забележал. А Мирсад, според зборовите на Стојадинвоиќ одговорил: Не ни работи лампата, пукнала, сега ќе возам со долги светла.

Не прозборевме ни пет збора и тогаш бум!Имаше работи на патот, па од три летни патот се собираше на една. На нас од позади налета друго возило, а Мирсад кој возеше, кочеше. Седев позади, а пред мене Шабан. Од силината на ударот, комплетниот гепек ни се наби скроз напред – рекол Стојадиновиќ.

Додека тој неколку пати паѓал во несвест и се будел, видел како го сечат автомобилот и како лакарите се обидуваат да го оживеат Мирсад. Шабан не го видел, а подоцна дознал за неговата cмpт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This