March 28, 2024, 11:19 am

Hema да има отворени листи на локалните избори, поради нecoгласувања од страна на помалите партии?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Засега е извесно само дека првиот круг на локалните избори ќе се одржат на 17 октомври. Но, нејасно е според кој начин ќе се бираат советниците во општините.

Што се однесува до конечниот концепт за отворени листи за локалните избори она што го предложила работната група за Законикот во однос на отворените листи се однесува на една преференцијална можност, односно да се гласа и за партија или коалиција, но и за еден кандидат од листата на советниците предложени од таа партија или коалиција.

Прагот за еден советник да може да биде избран по тој преференцијален метод е три проценти од вкупно запишаните гласачи во општината во која се гласа. Оние кандидати за советници кои ќе добијат поголем број преференцијални гласови од трите проценти ќе бидат избрани автоматски.

– Доколку една партија освои повеќе советници од само преференцијалните, пример 10 советници, а три само од нив освоиле три проценти од запишаните гласачи, останатите седум ќе бидат избрани од редоследот на предложената кандидатска листа на партијата за советници или коалицијата за советници на тие избори, појасни Маричиќ.

Според него, би било чудно доколу токму помалите партии кои го отвориле прашањето за отворени листи сега се обидат да го блокираат Изборниот законик во овој дел.

– Отворени сме за дијалог како Влада и партиите во Собранието што го чинат парламентарното мнозинство се отворени за дијалог. Не е целта да се наметне ова решение, целта е со консензус да се усвои Изборниот законик, како што е досегашната пракса кај нас, потенцира министерот Маричиќ.

Ако нема согласност за овој момент, истакна Маричиќ, останува да се имплементра постоечкиот модел, со подобрувањата што доаѓаат од ОБСЕ/ ОДИХР и се преточени во Предлогот на Изборниот законик и на тој начин ќе се оди со постоечките решенија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This