HEMA AЛKOXOЛ И СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА: Директорот на прилепската бoлницa со допис апелира до дokторитe да штeдaт на сапун и aлkoxoл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако министерот за здравство Венко Филипче се обидува да ја убеди јавноста дека здравствените установи низ земјата се соодветно снабдени со материјали за успешна превенција од ширење на КОВИД-19 (коронавирус), состојбата на терен по се изгледа дека не е таква

 

Општата болница во Прилеп, една од најголемите во земјава, се соочува со недостаток на основен материјал за дезинфекција, а како што може да се види од дописот објавен на огласната табла во ЈЗУ „Борка Талевски“ има недостаток од медицински алкохол.

 

На ваква состојба вчера предупреди и лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, кој предупреди дека додека здравствениот систем се соочува со недостаток на дезинфектанти, Македонија не може да каже дека успешно се справуваме со коронавирусот

„Инфомакс.мк“ од првиот ден на појавата на коронавирусот во земјава предупреди дека постои недостаток на основни материјали за спречување на ширење на коронавирусот, а од направената анкета во аптеките дознавме дека дури и здравствените институции во приватна режија си купувале дезинфектанти поради што и настана недостаток на ваков материјал за општата популација.

Оваа информација ја демантираше Венко Филипче со образложение дека здравствените установи имаат доволно средства на залиха и дека тие се снабдуваат по пат на организирани нарачки преку тендерски постапки на Министерството за здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This