Heoфициjaлно: Bo aкциjaта за дpoга нacтрада и шoфepoт на Тpaјче 3aeв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неофицијално дознаваме дека еден од приведените во денешната акција на МВР е шоферот на Трајче Заев кој е братучед на Зоран Заев.

Станува збор за Александар Ушилковски кој наводно бил фатен со дрога во вредност од 800 илјади евра.

Ако оваа информација е точнa, се наметнува прашањето дали МВР отвора војна со криминалот на кланот Заеви.

Информацијата доаѓа откако МВР се најде во во средиштето на скандалот Мафија каде познати нарко босови добивале пасоши со украден идентитет од луѓе од Струмица кои се блиски до премиерот.

Од МВР велат дека повеќе информации за акцијата ќе има во текот на денот бидејќи акцијата е се уште во тек.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски истакна дека денешната акција е во координација со американската ДЕА.

Дополнување

Трајче Заев преку Фејсбук се огласи за скандалот кој ја тресе македонската јавност последните неколку дена. Негововиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во целост:

-Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното:

Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви.

Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка, напиша на својот фејсбук профил Трајче Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This