Heпристoeн пpeдлог од Гаши за 3aeв: Алтернатива бара три министерски места и еден вицепремиер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алтернатива бара во новата Влада да влезе со три министерски места и еден вицепремиер. Дали тоа ќе биде прифатено или не ќе се знае по средбата која Заев и Гаши треба да ја одржат во наредните два дена, информира за Телма висок функционер на Алтернатива, пренесува Телма.

Во партијата во тек се разговори за програмските определби, но и за кадровските решенија, министри, заменици министри, директори на државни институции.

СДСМ ќе чека одговор од Алтернатива. Убедени се дека тие ќе прифатат да влезат во Владата а со четворицата пратеници ќе се зголеми и парламентарното мнозинство. Една од најзначајните причини поради кои Алтренатива би влегла во Влада е да обезбеди стабилна Влада и стабилно мнозинство поради почетокот на преговори со ЕУ, велат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ ги следи случувањата за влез на Алтернатива во Владата. Ќе бидат опозициска партија која ќе се бори со факти и аргументи во Собранието, и не се откажуваат од барањето за предвремени парламентарни избори.

Целиот процес на формирање нова Влада ќе започне кога ќе завршат внатрепартиските избори во СДСМ на 12 декември, кога треба да се избере нов лидер на партијата кој ќе биде и нов мандатар.

Извор: Телма

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This