Hoви пoдaтoци зa вakцинaтa нa „Фajзep“: O6jaвeни ce инфopмaциитe, eвe кoлкaвa e eфикacнocтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компаниите Фајзер и Бионтек, кои произведуваат вакцина против коронавирусот, денес објавија ажурирани податоци за ефикасноста на оваа вакцина.

Врз основа на 927 симптоматски случаи следени во третата фаза на клинички испитувања до 13 март 2021 година, вакцината покажала ефикасност од 91,3 проценти, а резултатите биле измерени од седум дена до шест месеци по примањето на втората доза на вакцината.

Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, вакцината покажала 100% ефикасност во заштитата од тешка клиничка слика, додека според Американската агенција за лекови, вакцината е ефикасна 95,3 проценти во овој случај.

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, рече дека ажурираните резултати, кои вклучуваат податоци за испитување на над 12 000 лица вакцинирани најмалку шест месеци, им овозможуваат на „Фајзер“ и „Бионтек“ да аплицираат за целосно одобрување во Соединетите држави.

– Високата ефикасност на вакцината е забележана шест месеци по втората доза и против варијанта на вирусот, широко распространета во Јужна Африка и обезбедува дополнителна доверба во вкупната ефикасност на нашата вакцина“, рече Алберт Бурла, претседател и извршен директор на Фајзер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This