Hoви цeни нa гopивaтa oд пoлнoќ: Eвe кoлкy ќe чинaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денес соопшти дека бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 2 денари. Според нив, одлуката е донесена поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

„Поради истекување на важноста на Уредбата која што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата.

Поради оваа состојба, РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи.

Овие цени ќе важат, се до донесување на нова одлука. Како што знаете, РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбта, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од 23.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 61,00 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС -98​​​ 63,00 (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​​ 52,50 (денари/литар)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This