Hoва aнкeтa: Bлaдaтa доби двojче од гpaѓаните за економиja и обpaзование

Поврзано

Двојни стандарди на Мaричиќ: Кога обичните луѓе пpekpшуваат кapaнтин, 2000 евра kaзна, кога СДСМ го прави тоа, се нарекува херојски чин

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го поздрави, како што вели тој херојскиот чин на пратеничката...

Биотepopистите го напуштија Cобранието

Пратениците за биотериризам го напуштија Собранието откако успеаја д аго привлечат медиумското внимание и од седница која требаше да...

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ПЕТТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ, ГЛАСАА И ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ВО CKAФАНДЕРИ ПОЗИТИВНИ НА KOPOHAВИРУС

Собранието денеска ги изгласа трите закони од петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и фирмите погодени од...
- Advertisement -

Граѓаните и дале средната оценка за економските мерки на Владата (2,3) во што го спроведе МЦМС посветено на актуелната состојбата предизвикана од Ковид-19 кое ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето но, и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста.

-Мнозинство од 66,5% ги оцениле мерките со 2 или 3 на скала од 1 до 5. Резултатите покажуваат дека најголем број граѓани се за некој вид полуотворена економија. Меѓу двата екстрема: „да се воведат рестрикции и затворање затоа што здравјето мора да се заштити“ и „економијата треба да остане отворена без никакви рестрикции“, мнозинство од 57,7%, на скала од 1 до 7 најчесто ги одбирале скалилата 3,4 и 5. Пандемијата не ги загрозила значајно работните места. Вкупно 7,1% останале без работа, додека 44,1% ги задржале своите позиции. Што се однесува до платите на работниците, кај околу две третини немало намалување. Првите пет најпогодени сектори од кризата се: сите сектори, угостителството, приватниот сектор, економијата и туризмот, посочуваат од МЦМС.

Средната оценка која испитаниците му ја дале на образовниот процес за учебната 2020/2021 година е 2,3.

-Речиси една четвртина (23,3%) го оцениле образовниот процес со незадоволителен 1, а само 2,7% од нив сметаат дека е одличен. Мнозинството на испитаници (60,7%) сметаат дека Министерството нема план за новата учебна година за одвивање на наставата со физичко присуство, се наведува во соопштението од МЦМС.

Истражувањето, како што наведуваат, покажа дека има влошување во односите во семејството во однос на претходната година.

-Иако мнозинство (58,6%) сметаат дека односите во нивното семејство останале исти, има намалување во однос на претходната година кога овој процент бил 71,0%. Околу една третина понекогаш или често чувствувале вознемиреност (37,3), страв (35,0%), лутина (34,1%), осаменост (32,7%) или тага (29,0). Овие чувства се поизразени сега, во споредба со претходната година. Исто така, поизразени се кај жените. Мнозинство од граѓаните (62,0%) сметаат дека не се случиле промени во нивното ментално здравје, посочуваат од МЦМС.

Граѓаните следат новости за пандемијата еднаш или повеќе пати на ден (70,1). Иако висок, овој процент, според МЦМС, покажува пад за околу 10 процентни поени во следењето на новости во однос на претходната година.

-Речиси две третини од испитаниците (64,4%) сметаат дека информациите се конфликтни и не може да изградат јасна слика за вирусот, се наведува во соопштението од МЦМС.

Ова е третиот и последен дел од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) посветен наактуелната состојбата предизвикана од Ковид-19 во кое се презентирани ставовите на граѓаните за влијанието на кризата врз економијата и мерките на Владата за помош на компаниите, за квалитетот на образовниот процес, психолошките последици од пандемијата и начинот на кој граѓаните се информираат за неа. Деталните анализи се дел од извештајот: „Ковид-19: една година стравови, очекувања и желби за враќање во ‘нормала’“ што е објавен на веб страната на МЦМС (www.mcms.mk).

Latest News

Двојни стандарди на Мaричиќ: Кога обичните луѓе пpekpшуваат кapaнтин, 2000 евра kaзна, кога СДСМ го прави тоа, се нарекува херојски чин

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го поздрави, како што вели тој херојскиот чин на пратеничката...

More Articles Like This