December 8, 2021, 11:20 pm

Hoви цeни нa гopивaтa од пoлноќ – некои пoeвтинуваат, некои пocкапуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на Одлуката од 20.9.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,780 ден/кг.

Од 28.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 39,780 (денари/килограм).

Latest News

Бектеши најави ykинување на евтината струја, владата ќе одлучи до крајот на годината

Владата планира да го менува моделот на евтината дневна тарифа на електричната енергија. Се разгледувала опцијата – да се...

More Articles Like This