Hoв диплoмaтски ckaндaл: Maкедонскиот амбacaдop во Бугapија повтopно нa пeeњe кaj 3axapиева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи на Бугарија, на барање на министерката Екатерина Захариева, ќе го повика привремениот амбасадор на Македонија во Софија, да даде објаснувања дали Владата на нашата земја е поврзана со кампањата спроведена преку „Меѓународниот институт на блискоистични и балкански студии“.

„Министерството за надворешни работи на Бугарија ја изразува својата загриженост за пишувањата дека поранешни и сегашни советници на премиерот на Република Македонија учествуваат во управувањето со институтот. На веб-страницата на владата на Македонија, се наведува дека словенечката организација има договор со извршната власт од Скопје од 2017 до 2020 година, за што добивала 1000 евра месечно“, се вели во соопштението, во кое се наведува дека објавите на институтот за Бугарија се загрижувачки со јасна цел да го диксредитира и поткопува престижот на Бугарија, преку лажни, искривени и манипулативни информации.

„Во исто време сме загрижени за постојатните дискриминиторски активности на властите на Република Македонија откако денеска на границата беше сопрен бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој се обиде да донесе бугарски книги „Бугарски народни песни на браќата Миладинови“ во Република Македонија, до културниот информативен центар во Скопје“, се вели во соопштението.

Министерката Екатерина Захариева веднаш испратила конзул од бугарската амбасада во Скопје на ГП Деве Баир за да му помогне на Стојанов, кому не му било дозволено влез во Македонија со 920 книги, соопштија од министерството.

Latest News

ОН бара ригopoзна и ефикасна истpага за cмртта на белорускиот активист

Обединетите нации денеска ги повикаа украинските власти да спроведат непристрасна и ефикасна истрага за смртта на 26-годишниот белоруски активист...

More Articles Like This