Hoвo иcтpaжyвaњe: Дaли вakцинaтa „Фajзep“ гo згoлeмyвa pизикoт oд cpцeв и мoзoчeн yдap?

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус не го зголемува ризикот од сериозни кардиоваскуларни проблеми (срцев удар, мозочен удар, белодробна емболија) кај лица постари од 75 години, според официјално француско истражување.

Резултатите од оваа студија сугерираат дека вакцинацијата со вакцината ‘фајзер/бионтек’ не е поврзана со зголемен ризик од сериозни кардиоваскуларни проблеми кај луѓе на возраст од 75 години или постари, и по првата и по втората доза, заклучуваат авторите.

Истражувањето е спроведено од групата Epi-Phare која ги обединува Агенцијата за лекови (АНСМ) и здравствено осигурување (Кнам).

Во студијата земени се предвид сите случаи на хоспитализација пријавени во Франција поради инфаркт, мозочен удар и белодробна емболија помеѓу декември 2020 година и март 2021 година кај пациенти на возраст од 75 години или повеќе, вакцинирани и невакцинирани. Во истражувањето биле вклучени скоро 30.000 луѓе.