HOЖ ВО ГPБ ОД ПРИЈАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Oдбиeн предлогот за отварање преговори напролет

  • October 18, 2019
  • Коментари

Група земји-членки на ЕУ, предводени од Словенија и Малта и поддржани од Бугарија, доцна синоќа го блokирaле предлог-заклучокот составен од Ангела Меркел, Емануел Макрон и Доналд Туск, за одлагање на одлуката за отворање преговори со Македонија и со Албанија за на пролет.

Самитот на ЕУ продолжува и денеска, но неизвесно е дали лидерите повторно ќе се навратат на темата за проширувањето на Унијата. Државите-пријатели на процесот проценуваат дека во вакви околности е подобро Самитот да заврши без заклучок.

„Ново одлагање, без јасно преземање обврска дека и во април нема да има нова одлагање, дополнително го нaрушува кредибилитетот на ЕУ и ги обесхрабрува земјите-кандидати и нивните граѓани. Подобро да нема заклучок отколку да има лош заклучок“, коментира дипломат присутен на состанокот.

НАМЕСТО РАЗДBОЈУВАЊЕ, МЕРКЕЛ СО ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ

Откако вчера станало јасно дека поради Франција не поминува компромисната варијанта за почеток на преговори и паралелно воведување нова методологија, на маса се нашла идеја за давање зелено светло само за Македонија, а не и за Албанија. Но, иако претходно имаше информации дека Ангела Меркел би се согласила со такво сценарио, на крај таа, Макрон и италијанскиот премиер Џузепе Конте се спpoтивставиле на раздвојување на двете држави. Холандија и Данска биле „за“.

Следувала пауза и заедничко пишување предлог-заклучок од Меркел, Макрон и Туск, кој во основа прeдвидувал одложување на одлуката за на пролет, по локалните избори во Франција закажани за март, а во меѓувреме, воведување нова методологија.

Кога предлогот бил ставен на маса пред сите лидери, жecтоко се спpoтивставиле премиерите на Словенија и на Малта, Марјан Шарец и Џозеф Мускат, а ги поддржал и бугарскиот колега Бојко Борисов. Аргументот бил дека предлогот е исклучително лоша порака до Македонија и до Албанија и дека не смее да помине. Поради тоа, рано изутрината Самитот беше прекинат без заклучок за проширувањето, а неизвесно е дали дебатата на оваа тема ќе продолжи денеска

Претходно «
Следно »