Hoвинapи, пoлитичapи и дpyги пpиcлyшyвaни дeнecкa ќe cвeдoчaт вo „Тapгeт-Твpдинa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинари, политичари и други кои биле прислушувани во периодот од 2008 до 2014 година треба да сведочат на денешното рочиште на случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“.

На денешното рочиште се повикани 20 сведоци, меѓу кои Горан Сугаревски, Фросина Ременски, Саша Богдановиќ, Сашо Ордановски, Борјан Јовановски, Горан Михајловски, Оливера Трајковска, Душица Мрѓа, Саше Димевски, Младен Чадиковски, Катерина Цановска Арсовска , Јадранка Костова, Сашка Цветковска.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This