March 29, 2024, 12:58 am

Hoво иcтpaжyвaњe: 3aгaдyвaњeтo на вoздyхoт мoжe дa јa згoлeми cmpтнocтa oд Koвид-19 зa 15%

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зголемената изложеност на загаден воздух може да доведе до зголемување на ризикот од смрт од КОВИД-19 за околу 15%, пренесуваат од најновото меѓународно истражување на Институтот за хемија во Мајнц, Германија.

Новото истражување објавено во списанието „Cardiovascular Research“ се обидува да процени до кој степен загадувањето на воздухот кое ионака би можело да предизвика предвремни смртни случаи, може да влијае на смртноста од коронавирусот.

Според професорот Џонс Леливел од Институтот за хемија во Мајнц, Германија тој однос може да биде околу 19% во Европа, 17% во Северна Америка и околу 27% во источна Азија.

Подолгата изложеност на загаден воздух придонела за 29% од смртните случаи од коронавирус во Чешка, 27% во Кина, 26% во Германија, 21% во Белгија, 19% во Холандија, 18% во Франција, 15% во Италија, 14% во Велика Британија, 12% во Бразил, 11% во Португалија, 9% во Шпанија, 6% во Израел, 3% во Австралија и само 1% во Нов Зеланд.

Истражувачите користеле претходни епидемиолошки податоци од Америка и Кина за загадувањето на воздухот, КОВИД-19 и вируси слични на коронавирусот. Во нивните пресметки, ги комбинирале сателитските податоци за глобално изложување на малите честички „PM2, 5“ со податоците од мрежите за следење на загадувањето на почвата.

Истражувачите не ја утврдуваат врската помеѓу директната причина и последиците од загадувањето врз смртноста од КОВИД-19!

„PM2, 5“ честичките се чини дека ја зголемуваат активноста на единствениот рецептор наречен „ACE-2“, кој се наоѓа на површината на клетките и учествува на начинот на кој КОВИД-19 ги инфицира пациентите, велат истражувачите.

„Така, имаме двоен удар – загадувањето на воздухот ги оштетува белите дробови и ја зголемува активноста на „ACE-2“, што доведува до подобра апсорпција на вирусот“, вели др Томас Минзел од Универзитетот Јоханес Гутенберг во Мајнц.

Транзицијата кон „зелена економија“ со чисти и обновливи извори на енергија ги поддржува и животната средина и јавното здравје подобрувајќи го квалитетот на воздухот на локално и глобално ниво.

Ана Хансел, професорка по еколошка епидемиологија на Универзитетот во Лестер, вели дека е „многу веројатно“ да постои врска помеѓу загадувањето на воздухот и смртноста од КОВИД-19, но оцени дека е „премногу рано да се обиде прецизно да се измери“ тој однос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This