Hoв дебakл на cyдeњeтo зa Бонева: Beштaкoт нa CJO пoгpeшнo ja yтвpдил пoминaтaтa килoмeтpaжa co aвтoмoбил нa eкc пpaтeничкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешното рочиште што туку што заврши, се потврди дека вештакот на обвинителството изготвил еднострано вештачење, анализирајќи ги само податоците што му ги дале од СЈО, а воопшто не земајќи ги во вид моите докази, како што се доказите за извор на средства за исплата на станот, доказите за живеење во Струмица, доказите за моето континуирано патување на релација Струмица – Скопје – Струмица, како и доказите за потребата од користење на други две возила кога моето беше на поправка по 9-те сообраќајќи или кога не можев да возам заради здравствени причини.

Така, се утврди дека вештакот на СЈО ем погрешно утврдил помал број на поминати километри со моето возило, ем идентично го препишал во вештачењето баш истиот тој број на погрешно утврдени километри од СЈО што беше објавен од обвинителката Фатиме Фетаи 7 месеци пред да биде ангажиран како вештак. По мое реагирање, судијата даде пауза за вештакот на СЈО да го пресмета уште еднаш точниот број на поминати километри, по што истиот призна дека направил грешка и погрешно утврдил помал број на поминати километри со моето возило!

Покрај сето тоа, вештакот на СЈО потврди дека од страна на службите на Собранието биле направени технички грешки при пишувањето и прикачувањето на фискалните сметки на патните налози и дека неколкуте фискални сметки што не се совпаѓаат со времето на моето гласање во Собранието, се резултат на нивна ненамерна грешка. Се потврди и дека патните налози не сум ги пишувала ниту средувала јас, туку собраниските служби, а собраниското книговодство било должно да ги проверува патните налози и да не дозволи исплата на погрешно прикачени фискални сметки.

Оттука произлегува дека обвинението на СЈО дека сум ги измамила собраниските служби во врска со исплаќање на патните налози не е основано.

Исто така, вештакот на СЈО потврди дека нема ништо спорно или незаконски во парите што ги има исплатено Собранието за патарини и не може да се сметат како противправна имотна корист, како што обвинува СЈО.

Објавата на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This