Hoв тpeтмaн зa пoceбни пaциeнти – кoктeл oд aнтитeлa пpoтив Koвид-19, СЗO пpeпopaчyвa итнo oдoбpyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на коктели од антитела против Ковид-19, развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“, за пациенти со висок ризик од хоспитализација, како и за оние кои се сериозно болни и немаат природни антитела.

Третманот доби итно одобрување во Соединетите држави, бидејќи привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на тогашниот претседател Доналд Трамп, пренесе Ројтерс.

Терапијата во моментов се разгледува во Европа, додека Британија ја одобри минатиот месец.

Во специјална изјава, СЗО ја повика американската компанија „Регенерон“ да ги намали цените и да го дистрибуира третманот подеднакво низ целиот свет, особено во земјите со низок и среден приход.

Други компании, исто така, се поканети да ја пренесат технологијата за да помогнат во развојот на слични третмани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This