Hoвaтa гoдинa ќe ja дoчeкaмe бeз кaфeaни, зaбaви и бeз дpyштвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кафеаните и кафулињта ќе работат до 18 часот, а новогодишни забави нема да се организираат ниту во рестораните на хотелите, во казината и обложувалниците кој можат да работат до 24 часот. Угостителите сметаат дека новите рестриктивни мерки се непрецизни и селективни и нема да го постигнат планираниот ефект, спречување на ширење на ковид-19, туку само ќе придонесат за влошување на финансиската состојба на угостителскиот сектор. За надомест на загубите од рестрикциите угостителите бараат итна средба во Владата и конкретни мерки за помош.

Од денеска стапуваат на сила новите рестриктивни мерки со кои работното време на угостителските објекти се скратува за три часа до 18 часот. Покрај тоа Владата забрани и организирање на новогодишни забави, собирање на плоштади и секаков вид на семејни прослави. Изминатите денови имаше жестоки реакции од страна на угостителите во однос на новите рестрикции кои, според нив, ќе им донесат дополнителни загуби, отпуштање на работници и целосен колапс на угостителската индустрија. Нова година нема да може да се слави ниту во казината и обложувалниците, кои и покрај тоа што не се ограничени со работно време нема да можат да служат пијалаци и храна по 18 часот.
Угостителите сметаат дека новите рестриктивни мерки се непрецизни и селективни и нема да го постигнат планираниот ефект, спречување на ширење на ковид-19, туку ќе придонесат за влошување на финансиската состојба на угостителскиот сектор.

-Сузбивање на епидемијата нема да се постигне и доколку угостителските објекти работат ограничено додека другите сектори функционираат редовно. Во такви услови луѓето само ќе се префрлат од угостителските во другите објекти кои работат. Исто така нејасно е и каков ефект ќе даде ограничување на работењето на угостителските објекти во земјава, ако не се забрани патување во странство, велат од Туристичко-угостителската комора.

Угостителските здруженија и комори побараа овие мерки да бидат проследени со обезбедување на соодветни економски мерки за поддршка на секторот. Министерот за економија, Крешник Бектеши одговори на нивните барања дека се размислува за дополнителни мерки за поддршка на угостителскиот сектор по најновата одлука за скратување на работното време.
– Секако дека на почетокот на следната година ќе размислиме за дополнителни мерки кои ќе се однесуваат на поддршка на угостителскиот сектор, имајќи предвид дека тоа сме го правеле и претходно со сите дејности кои со одлука на Влада биле затворени или им било скратено работното време, изјави Бектеши.

На ова од Независната угостителка комора одговорија дека не сакаат празни ветувања од министри, туку конкретни владини мерки за надомест на штетите и загубите. Тие бараат итна средба со премиерот на државата на која, како што велат, ќе бараат надоместок на штета не само за последните рестриктивни мерки туку и за претходно донесените.
– Како што напоменавме во нашите минати соопштенија и изјави, овој пат законски ќе побараме сериозна одговорност и образложение на Комисијата за заразни болести зошто овие мерки се селективни и дискриминирачки и зошто додека на едни угостители во континуитет им се ограничуваат и скратуваат правата за работа преку владини одлуки на други им се даваат само препораки со што преќутно им се овозможува да прават што сакаат и притоа да не сносат никакви последици во своето работење, соопштуваат од НУК и се надеваат дека Владата ќе ги послуша барањата на 6.500 угостителски објекти и 35.000 илјади вработени.
Освен во угостителските објекти новогодишни забави нема да се организираат и во рестораните и во хотелитите, но хотелските капацитети ќе бидат отворени за гости и ќе има свечена вечера за гостите кој престојуваат во хотелот.

Истовремено забрането е и групирање на плоштадите и јавните места, така што нема да има ниту пречек на Нова година на отворено, нешто што беше вообичаена практика во сите поголеми места и туристички центри. Но, сепак оние што ќе решат да ги посетат нашите туристички центри ќе можат да уживаат во она што им го нуди природата, планините и културното наследство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This