March 29, 2024, 10:41 am

Hoвa бpyка за 27-ми април: Рускоска повторно презентира „дokaзи“ сработени од вештak бeз лицeнцa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска и на денешното рочиште за организаторите на 27-ми април презентира докази кои не се сработени од лиценциран вештак.

Се работи за лицето Марјан Димовски кој самиот денес призна дека нема лиценца како вешто лице од областа на информатичките технологии издадена од Министерството за правда и не е запишан во регистерот на вешти лица во Министерството.

Ваквите „докази“ од делот на информатичките технологии (вештачење мобилни телефони) кога ги „потпишува“ нелиценциран вештак за судот се на исто ниво како да ги сработел некој месар, шумар, келнер, авто-механичар, хирург или логопед.

Оваа чудна ситуација не се случува за прв пат, туку и во август минатата година Рускоска нудеше докази кои не се сработени од лиценциран вештак, со што нивната кредибилност и легалност според законот не е потврдена и не може да се земат како доказ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This