Hoвa згpaда ќe никнe пpeд кyлaтa “Гopeњe” вo cкoпcки Kapпoш, yништeнo дeтcкo игpaлиштe..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова зграда ќе никне во населбата Карпош 3 на булеварот Партизански одреди, на парцелата меѓу ТЦ „Алуминка“ и таканаречената кула „Горење“. Веќе неколку месеци просторот каде порано се наоѓаше семејна куќа е заграден со тараби и се гради зградата. Заради градилиштето на зградата уништено е детското игралиште кои се наоѓаше во овој дел и буквално тарабите и машините се влезени во детското катче кое сега не може се користи.

Граѓаните кои живеат во кулата велат дека уште на стартот поднеле петиција потпишана од сите станари до Општина Карпош градежните работи да бидат стопирани бидејќи доста им е од згради, потребни им се паркови и зелени површини. Со изградбата на зградата буквално ќе им се затвори погледот на станарите од кулата, која е градена плански и не се предвидувало веднаш до неа да биде залепена друга зграда.

„Карпош е веќе узурпиран. Никнаа премногу нови згради во последниве години, и сè уште продолжува да се гради. На граѓаните им е доста од профитерството и личните интереси. Со оваа зграда ќе се уништи хуманото живеење на нас од зградата. Пред прозорци ќе имаме друга зграда”, вели Милица Петровска, претседателка на куќниот совет на кулата.

Станарите од зградата велат дека откако почнале градежните работи постојано се соочуваат со проблеми. Најпрво градилиштето не било заградено, а инспекторите од Општината никаде ги немало. Постојано имаат проблеми со прекини на струја и вода, а од градилиштето се шири непријатна миризба.

„Се наголтавме прашини. Додека поставуваа темели повеќе пати ги кинеа каблите за струја и целата зграда немавме струја, а ние на повисоките спратови немавме ниту вода оти пумпата е на струја. Велат се гради четирикатница, но ќе видиме што ќе изградат. Се плашиме да не има и високо приземје и поткровје оти тогаш на становите од подолните катови на југо-источната страна ќе им се блокира сето светло и погледот. Прашање е каде ќе паркираат новите жители кога веќе и така кубуриме со паркинг места поради ТЦ ‘Сити мол‘, кафеаната ‘Сидро‘ и околните фирми. Го снема и детското игралиште. Се прашуваме зошто општината воопшто дозволува вакви градби за кои однапред се знае дека се израсток и дека ќе предизвикаат низа проблеми“, вели станарка на кулата „Горење“ Марина Лазаревска.

Од Општина Карпош објаснуваат дека станува збор за приватно земјиште, а Деталниот урбанистички план со кој се црта маркичка за зграда на местото на куќата е донесен во времето на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски.

„Инвеститорот има дозвола да гради станбен објект со приземје, три спрата и поткровје. Доколку излезе од предвидената рамка за градење градежната инспекција на Општината ќе покрене соодветна постапка“, велат од Општина Карпош.

Извор: sdk.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This