Hoвa книгa нa Coтиp Костов: „Мyзички икoни“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата недела од печат излезе новата книга на Сотир Костов, „Музички икони“.

Тоа е книга за музиката на нашата младост, – Рок-ен-ролот.

Обработувајќи ги музичките легенди како бренд концепти, авторот во книгата пишува за предходниците на рок-ен-ролот како што се Луис Армстронг (Моцарт на џез музиката), Били Холидеј (несреќната дама на џезот и блузот), Би Би Кинг (вритулозот на блуз гитарата), Рејч Чарлс (слепиот музичар кои преку музиката го гледаше и живееше животот). Исто така ги обработува како животни и музички приказни великаните на рок-ен-ролот: Боб Дилан (бунтовниот бард на рокот што го промени светот), Френк Синатра (легендарниот пејач со стил), Чак Бери (рок-ен-рол пионер засекогаш), Елвис Присли (кралот на рок-ен-ролот), Битлси (идоли поголеми од самиот живот), Ролинг-Стоунси (бенд за рок-ен-рол тинејџери и дедовци), Леонард Коен (поет на животот и музичар на смртта), Џими Хендрикс (вуду-момчето што живееше брзо, а умре младо), Џенис Џоплин (божица на музиката и на автодеструктивноста), Џим Морисон (уметник согорен од сопствените демони), Џон Ленон (харизматичен рок-ен-рол – водач следен од милиони тинејџери), Ерик Клептон (гитарскиот господар на блуз-рокот), Дејвид Бови (музички патријарх и модерен папа на рокот), и многу други.

Авторот со книгата ни порачува дека рок-ен-ролот не е само музика, песна, игра и забава. Напротив, тоа е многу многу повеќе. Рок-ен-ролот колку е музика, толку е и идеологија. Рок-ен-ролот е уметност, но и поглед на светло. Дури и религија со свои свештеници, култ и верници. Се на се музика која неповратно го промени светот. Кој ја сака оваа музика, животот за него е едноставно рок-ен-рол.

Издавач на книгата – „Ројал Арт“, Скопје, а истата може да се купи во салоните на Македонска Матица.

Пишува, Н. П-А.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This