April 16, 2024, 11:40 pm

Hoвa cтyдиja вo Италија: Пo пpимaњe нa пpвaтa дoзa вakцинa cmpтнocтa oд Koвид-19 нaмaлeнa зa 95 oтcтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет недели по примањето на првата доза на вакцина против Ковид-19, заразувањето со коронавирус е намалено за 80 проценти, приемот во болница е намален за 90 проценти, а смртните случаи се намалени за 95 проценти, покажува студија спроведена од научници од италијанскиот Национален институт за здравје на примерок од 13,7 милиони вакцинирани лица.

Според агенцијата Анса, ова е прво вакво обемно истражување на земја членка на Европската унија за реалното влијание на имунизацијата врз текот на пандемијата, а анализирани се податоците од почетокот на вакцинацијата на 27 декември минатата година до 3 мај .

Податоците покажаа дека образецот е ист кај мажите и жените, без оглед на нивната возраст и дека ризикот од инфекција постепено се намалувал две недели по приемот на првата доза.

Од 13,7 милиони луѓе вклучени во студијата, 95 проценти добиле две дози на Фајзер или Модерна, а останатите пет проценти биле вакцинирани со Астра Зенека.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This